Водоводните цевки од пред 60 години поздрави од поновите кои рѓосуваат
Рѓосани шахти, оштетени надземни цевководи и нецелосна заштита од 'рѓа, се дел од забелешките на машинските инженери кои работеа на студијата за главните цевководи во Скопје, во која имаше увид Радио Слободна Европа. Експерти предупредуваат дека откако ќе се санираат дефектите викендов, може да има нови поради силниот пристисок на водата по повторното вклучување.