World News in Macedonian

Сириската преодна влада најави реструктуирање на безбедносните служби

Сириската преодна влада најави распуштање и реструктуирање на безбедносни и разузнавачки служби кои беа под капата на сега соборениот диктатор Башар ал Асад кој е  обвинет за масовни убиства и злоупотреби.  Ал Асад владееше со Сирија повеќе од две децении, а ја напушти земјата на почетокот на овој месец и доби политички азил во Русија.


Новоименуваниот шеф на разузнавањето Анас Хатаб рече дека сите безбедносни агенции ќе бидат распуштени и повторно изградени.


Хатаб го обвини режимот на Ал Асад за злоупотреба на безбедносниот апарат со цел потчинување на Сиријците.


"Нашиот храбар народ, со сите нивни различни вери и категории, претрпе многу неправда и угнетување од поранешниот режим преку неговите различни безбедносни служби", изјави Хатаб. 




Безбедносните сили на преодната влада собраа околу 300 осомничени за помалку од една недела преку тековните операции во неколку делови на Сирија, објави Сириската опсерваторија за човекови права.


Според оваа опсерваторија со седиште во Велика Британија, Либан во саботата им предал на сириските власти околу 70 Сиријци, вклучително и поранешни офицери, на граничниот премин меѓу двете земји.

Читайте на 123ru.net