World News in Macedonian

Нападот во Њу Орлеанс е инспириран од Исламската држава

Бројот на жртвите на нападот во Њу Орлеанс, Луизијана, се искачи на 15, а има десетици повредени, од кои некои се во критична состојба. Инцидентот се случил на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време.


Тоа е улица позната по бројни барови и клубови. Очевидци за Си-Би-Ес Њуз изјавиле дека автомобилот со голема брзина влетал во толпа луѓе, а потоа возачот излегол и почнал да пука со оружје, а полицијата возвратила. 




Осомничениот кој со своето возило влета во толпа на улица Бурбон на 1 јануари е идентификуван како Шамсуд-Дин Џабар. Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) потврди дека се работи за терористички акт и дека напаѓачот е убиен.



Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пред нападот, Џабар споделувал видеа на социјалните мрежи инспирирани од дејствијата на таканаречената Исламска држава и „изразил желба да убие“.






Шефот на полицијата во Њу Орлеанс, Ен Киркпатрик, рече дека напаѓачот се обидел да „прегази што повеќе луѓе“ и дека бил „решен да изврши масакр“.



Откако излегол од возилото, 42 годишниот Џабар,  кој е американски државјанин роден во Тексас, почнал да пука во луѓе и ранил двајца полицајци пред да биде убиен во престрелка со полицијата.



Бајден рече дека истражителите пронашле потенцијални експлозивни направи во камионот на напаѓачот, како и знаме на Исламската држава.



Истрагата покажа дека е можно осомничениот за нападот да не е „единствено одговорен“ за нападот. Државниот обвинител на Луизијана, Лиз Мурил, изјави дека „со одреден степен на сигурност да каже дека повеќе луѓе учествувале во нападот“.



Шамсуд Дин Џабар бил ветеран на американската армија.Според неговиот сега отстранет профил на LinkedIn, тој имал голем број работни места во американската војска, вклучително и човечки ресурси и ИТ, пред да биде отпуштен, јавува британскиот медиум Би-Би-Си.



Како што пренесува Би-Би-Си, тој работел и како агент за недвижнини, но лиценцата му истекла во 2021 година. Имал криминално досие, поврзано со сообраќајни прекршоци и помали кражби.

Читайте на 123ru.net