World News in Macedonian

Реакции за ветото на Сиљановска Давкова врз законот за заштита на децата

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение реагира на непотпишувањето на Законот за заштита на децата. Смета дека со ова се урива достоинството и националниот идентитет на Албанците во Северна Македонија.


„Кога станува збор за албанскиот јазик, за нашето достоинство и национален идентитет, ниту прогонот, ниту смрта не плаши. Напаѓајте што сакате, но држете ги рацете подалеку од она што за нас Албанците е свето! Рацете подалеку од албанскиот јазик!“, пишува меѓу другото во соопштението испратено од ДУИ.


Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова стави вето, односно не го потпиша указот за Законот за заштита на децата кој беше изгласан во Собранието. 


Со овие два члена во законот се предвидува покрај македонскиот, во лиценците да стои и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните. Силјановска во своето објаснување вели дека дека спорните членови 9 и 10 од овој закон треба да се преиспитаат низ призма на аманданот пет од Уставот и постоечкиот Закон за употреба на јазиците, кој засега е оспорен во Уставниот суд.




По непотпишувањето на указот од страна на претседателката, од Владата информираа дека законот ќе се доработи и ќе се достави во Собранието во закониските рокови.


Денеска одговорија од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Реториката на ДУИ е веќе видена и со цел да ги заштити криминалците од нивните редови, велат од оваа партија.



„Реториката на ДУИ, со која се обидува да поттикне некаква политичка тензија и меѓуетничка нетрпеливост, нема да помине. Затоа што сите знаат, а најдобро албанските сограѓани, дека стекнатите колективни права во државата не се и никогаш не може да бидат загрозени, соопштија од владејачката партија“, се вели в осоопштението на ВМРО ДПМНЕ.


Според изјавата на премиерот Христијан Мицкоски се знае дека службен јазик на целата територија на државата е македонскиот јазик, но сите оние кои ќе побараат и на албански да биде формуларот за полагање, прецизно ќе се формулира во законот согласно Уставот и законите и ќе биде овозможено. 


Претседателката пак смета дека не е пристрасната туку според неа во членовите 9 и 10 има одредби што треба парламентарниот состав да ги преобмисли.


Од владејачката Вреди ја обвинија Сиљановска-Давкова за политикантство мотивирано од опозицијата.


Опозициските партии го поздравија ветото на Сиљановска Давкова.

Читайте на 123ru.net