Ризици од социјалните мрежи, но ограничувања за малолетници нема да има
Македонските власти засега не размислуваат за ограничувања на социјалните мрежи за одредени возрасни групи, но ќе го формираат Центарот за побезбеден интернет MKSafeNet. Агенцијата за електронски комуникации соопшти дека малолетниците во Северна Македонија дневно поминуваат и до пет часа на интернет. Младите со кои разговараше РСЕ, истакнаа дека се свесни за зависноста, но и за важноста од пренасочувањето на вниманието. Иако ваквата транзиција е неопходна, таа може да биде стресна и да стане предизвик и за родителите, и за наставниците.