Лидерска средба за нов изборен систем или за нови избори?
Која е вистинската цел зад укинувањето на законот за таканаречената „техничка влада“? Дали се подготвува терен за распишување предвремени парламентарни избори? На власта и се брза, а опозицијата би „причекала“ и заради финансиската состојба во државата, сметаат дел од политичките коментатори.