Поскапувањето на нафтата носи закана од нов инфлаторен бран
Новото поскапување на горивата по тензиите на Блискиот Исток го зголемува притисокот врз цените и врз семејните буџети. Синдикатите предупредуваат дека трошоците за живот растат побрзо од платите, додека економистите најавуваат дека посилните ефекти допрва ќе се почувствуваат.