World News in Macedonian

Околу 10 илјади луѓе во Донецк се збогуваа со Моторола

Во Донецк заврши церемонијата на збогување со загинатиот командантот на бунтовничките сили на самопрогласената Донецка Народна Република Арсениј Павлов – Моторола. Според информациите од градските власти, во неа учествувале околу 10 илјади луѓе.

Во Донецк загина легендарниот командант на доброволците Моторола

Со Моторола се збогуваа претставниците на раководството на ДНР, министрите и другите официјални лица, пренесува „Взгљад”.

Во поворката учествуваа илјадници жители на републиката. Според првичните податоци, станува збор за околу 10 илјади луѓе.

Претставник на Министерството за одбрана на ДНР соопшти дека во интернет-акцијата посветена на споменот на Моторола учествувале околу 5 илјади луѓе.

Видеото од настанот можете да го погледнете овде.

Читайте на сайте