World News in Macedonian

Во Нижни Новгород ликвидирани двајца терористи

Двајца припадници на нелегални вооружени формации, осомничени за тероризам, се ликвидирани во Нижни Новгород во специјална операција, пренесува „Лента.ру“.

Невидливата борба против ИДИЛ

Ликвидираните лица биле осомничени за тероризам. Полицијата запрела во еден од квартовите на градот возило Даеву Нексиа. Лицата во возилото се обиделе да избегаат, но биле ликвидирани.

Покрај тоа, во возилото во кое се наоѓале осомничените е пронајден сомнителен предмет за кој се претпоставувало дека е експлозивна направа која подоцна е уништена од робот за деминирање.

Во текот на операцијата, двајца припадници на Специјалниот одред за брза реакција (СОБР) биле ранети. Во текот на операцијата реонот бил блокиран, а жителите биле замолени да не излегуваат на улица.

Читайте на сайте