Москва очекува реакција од САД за информациите за сајбер-напади врз Русија
Русија очекува американските власти правна оценка на информациите за тоа дека американски воени хакери наводно упаднале во руските телекомуникациски и енергетски мрежи, се вели во изјавата на портпаролот на МНР РФ Марија Захарова објавена на сајтот на МНР РФ.
Песков: Сите системи за управување функционираат
Претходно Ен-Би-Си Њуз соопшти дека американски хакери кои работат за владата, упаднале во руската инфраструктура и „командните системи на Кремљ“, правејќи ги ранливи за напад кој САД, доколку сметаат дека е потребно, може да го извршат.
„Отсуството на официјална реакција од страна на американската администрација ќе значи постоење на државен сајбер-тероризам во САД“, изјави Захарова.
Во случај на реализација на заканите Москва ќе има полно право да го обвини Вашингтон, смета Захарова.