Стејт департмент: САД нема да ги укине санкциите до „враќањето“ на Крим
САД немаат намера да ги укинат санкциите против руските граѓани и корпорации по „анексијата“на Крим и почетокот од конфликтот во Донбас. Ова го изјави портпаролот на Стејт департментот на САД Марк Тонер, пренесува Радио Слободна Европа.
Америка на Трамп се среќава со Русија на Путин
Според него, санкциите наметнати по присоединувањето на Крим кон Русија, ќе останат во сила сѐ до враќањето на полуостровот во состав на Украина. А санкциите против Русија за нејзината „агресија“ на истокот на Украина „ќе останат во сила сѐ до целосната реализација на „Минската спогодба“.
Според Тонер, санкциите имаат влијание врз руската економија и ѝ дале до знаење на Москва дека нејзините постапки можат да имаат многу негативни последици. Во исто време, портпаролот на Стејт департментот призна дека санкциите не го запреле „префрлувањето на руската војска и оружје на територијата на Украина“. Сепак, мерките преземени против Русија ја поттикнале да бара дипломатски патишта за решавање на конфликтот, смета Тонер.