World News in Macedonian

Путин соопшти за стабилизација на руската економија

На состанокот за економски прашања шефот на руската држава го истакна малиот пораст на на индустриското производство – за 0,3%. „Добро темпо покажува земјоделството. Плус 3%. Мислам дека ги имаме сите причини да им честитаме на селаните за овој резултат, да им честитаме за добрата работа“, изјави рускиот претседател, пренесува РИА „Новости“.

Руската економија есенва

Путин истакна дека стапката на невработеност е „на релативно ниско ниво“, оваа година во просек 5,6%.

Според Федералниот завод за статистика „Росстат“, обемот на индустриското производство во Русија во периодот јануари-септември се зголемил за 0,3% во однос на истиот период минатата година, а стапката на невработеност во септември изнесувала 5,2% (месечен просек во периодот јануари-септември - 5 6%).

На состанокот за економски прашања во Кремљ присуствуваа првиот вицепремиер Игор Шувалов, помошникот на шефот на државата Андреј Белоусов, министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров, министерот за финансии Антон Силуанов и претседателот на Централната банка Елвира Набиулина.

Читайте на сайте