World News in Macedonian

Путин му го честиташе на Радев изборот за претседател на Бугарија

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин му го честиташе на Румен Радев изборот на функцијата претседател на Република Бугарија, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Шефот на руската држава го истакна значителниот потенцијал за понатамошен развој на руско-бугарските односи кој почива на повеќевековните традиции на пријателство и културна и духовна блискост“, се вели во соопштението на прес-службата што го пренесува „Интерфакс“.

Песков за изјавите на победниците на изборите во Молдавија и Бугарија

Се истакнува дека Путин „изразил увереност дека со заеднички напори ќе се успее да му се даде нов импулс на политичкиот дијалог, како и да се прошири конструктивната соработка во различни области во интересите на братските народи на двете земји“.

Претходно резултатите на изборите во Бугарија ги коментираше портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Тој изјави дека на Кремљ му импонираат изјавите на победниците на претседателските избори во Молдавија и Бугарија за подготвеноста да соработуваат со Русија, но истовремено руските власти повикуваат новите лидери на тие земји да не бидат нарекувани проруски.

„Ние сме против фиксација на некакви дефиниции“, изјави Песков за новинарите.

Читайте на сайте