Обама и лидерите на ЕУ договорија продолжување на санкциите против Русија
Претседателот на САД Барак Обама и лидерите на повеќе земји-членки на ЕУ на средбата во Берлин изразија заедничко мислење за неопходноста од продолжување на санкциите против Русија во врска со ситуацијата во Украина, пренесува „Интерфакс“.
Во 2017 година САД ќе ги укинат санкциите против Русија
„Важно е да ги продолжиме санкциите сѐ додека „Минската спогодба“ не биде целосно реализирана“, изјави Обама.
Истовремено тој истакна дека „во нашите интереси е да соработуваме со Русија, за да ги решаваме проблемите во светот“.
На берлинската средба, покрај Обама, учествуваа и канцеларката на Германија Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд, премиерот на Велика Британија Тереза Меј, премиерот на Италиа Матео Ренци и премиерот на Шпанија Мариано Рахој.