Швајцарски ловци придружуваа руски патнички авион
Дописникот на „Комсомолскаја правда“ Дмитриј Смирнов објави видео од кое се гледа како два ловци со швајцарско знаме неколку минути придружуваат авион со руската делегација. Снимката е објавена на неговата страница на „Фејсбук“ во петокот, 18 ноември.
На рускиот авион му се приближиле два ловци F-18 со борбена опрема. „Пилотот се израдува што го снимаат, мавташе со раката и убаво си летна нагоре. Но потоа се врати“, напиша Смирнов, пренесува „Лента.ру“.
Во патничкиот авион се наоѓаше дел од руската делегација која леташе за Перу на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка.