World News in Macedonian

Во Москва подигнат споменик на Маја Плисецкаја

Споменик на балерината Маја Плисецкаја беше откриен во Москва во паркот именуван во чест на балерината, пренесува „Интерфакс“.

Како што соопштува Министерството за култура на Русија, на церемонијата учествувале вицепремиерот Олга Голодец, министерот за култура Владимир Медински, главниот диригент и раководител на Мариинскиот театар, народен уметник на РФ Валериј Ѓоргиев, како и сопругот на Плисецкаја Родион Шчедрин. Исто така беа присутни и десетици почитувачи на делото на балерината.

Зошто руските деца одат на балет

Споменикот беше откриен со музиката од операта „Кармен“.

Иницијатор за подигање на споменикот беше сопругот на балерината, композиторот Родион Шчедрин. Иницијативата беше поддржана од Министерството за култура на РФ. Автор на скулптурата е заслужниот уметник на Русија Викотор Митрошин. Споменикот е висок околу девет метри.

Плисецкаја почина накратко по нејзиниот 90 роденден, на 2 мај 2015 година во Германија.

Читайте на сайте