World News in Macedonian

Путин и Обама позборуваа на самитот на АТЕС во Перу

Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на САД Барак Обама кратко поразговараа на самитот на АТЕС во Перу, изјави портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков.

Песков: можна средба меѓу Путин и Обама во Перу

„На почетокот на ретритот (краткото заседание) тие се поздравија еден со друг и сосем кратко поразговараа“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.

Претходно Песков изјави дека не е планирана одвоена средба меѓу Путин и Обама.

Самитот во Лима е последниот голем меѓународен настан на кој учествува Обама како претседател на САД.

Читайте на сайте