Објавено видео од спасувањето на украинскиот брод од „Вицеадмирал Кулаков“
Руската посада им ја укажа потребната помош на украинските морнари, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Русија, пренесува РИА „Новости“.
Захарова ја објасни специфичноста на Русија
„Противподморничкиот разурнувач на Северната флота „Вицеадмирал Кулаков“ ја заврши спасувачката операција – одвлекувајќи го украинскиот рибарски брод „097“‘ до пристаниште во подрачјето на грчкиот остров Гавдос (48 км јужно од Крита… По пат на украинските морнари им е укажана сета неопходна и медицинска помош“, се наведува во соопштението.
Украинскиот брод со посадата наскоро ќе им биде предаден на грчките спасувачки служби, а состојбата на членовите на посадата е задоволувачка. Од пред-службата додаваат дека „Вицеадмирал Кулаков“ продолжува да ги извршува своите борбени задачи во состав на постојаната група бродови на Воената морнарица на Русија во Средоземното море.