World News in Macedonian

Во Сирија загина руски полковник

Рускиот воен советник полковник Руслан Галицки почина од раните кои ги здоби при артилериското гранатирање од милитантите на таканаречената „опозиција“ врз еден од станбените квартови на Алепо, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува РИА „Новости“.

Почина и втората медицинска сестра, ранета во гранатирањето во Алепо

Одбранбениот ресор соопшти дека воените лекари неколку дена се бореле за животот на офицерот, меѓутоа не успеале да го спасат.

Министерството за одбрана на РФ истакнува дека Галицки бил дел од групата советници кои извршуваат задачи во Сирија. Командата го предложи полковникот за државно одликување постхумно.

Читайте на сайте