World News in Macedonian

Претставникот на САД во НАТО не верува дека Русија ќе ја нападне Алијансата

Постојаниот претставник на САД во НАТО Даглас Лут изјави во интервју за телевизијата Еј-Би-Си Њуз дека, според неговото мислење, Русија „не намерава да ја напаѓа“ Алијансата.

Столтенберг: НАТО е против студена војна со Русија

„Не верувам дека денес кој било во Русија намерава да го нападне НАТО. Но, тоа не значи дека ние немаме одговорност за осигурување на таквите сојузници, како што е Естонија, кои се наоѓаат на истурена позиција, односно имаат копнена граница со Русија“, изјави Лут.

Според него, Алијансата исто така сноси одговорност за сојузниците кои се потенцијално подложени на „хакерски напади“ или „кампањи за дезинформирање“ од страна на Москва.

Лут истакна дека и покрај тоа што прашањето за „руските сајбер-напади“ во текот на предизборната кампања во САД не се наоѓа на агендата на состанокот на Советот Русија-НАТО, кој ќе се одржи во понеделник во Брисел, низа сојузници ќе се осврнат на тој проблем, пренесува РИА „Новости“.

Читайте на сайте