World News in Macedonian

Путин го нарече провокација убиството на рускиот амбасадор во Турција

„Дојде порака од Турција, каде кукавички е убиен рускиот амбасадор. (...) Стореното злосторство е провокација насочена кон попречување на нормализацијата на турско-руските односи и кон попречување на мировниот процес во Сирија“, изјави Путин, пренесува РТ на руски.

Ердоган му се јави на Путин по убиството на рускиот амбасадор

Путин нареди дипломатот да биде одликуван.

Тој потенцираше дека единствен одговор на тоа може да биде зајакнување на борбата со тероризмот.

Рускиот лидер исто така изјави за потребата од зајакнување на обезбедувањето на дипломатските претставништва на Турција во Русија и добивање гаранции од турската страна за осигурување на безбедноста на руските дипломатски претставништва.

Читайте на сайте