World News in Macedonian

Русија произведе ефикасен лек за рак

Ова директорот на одделот за јавно здравје и комуникација на Министерството за здравство на Русија Олег Салагај го изјави во четвртокот, повикувајќи се на пронаоѓачите на лекот, пренесува „Лента.ру“.

Средството покажува ефикасност кај меланом, рак на белите дробови, на бубрезите, на мочниот меур, на мозокот и на вратот. Салагаев истакна дека новите лекови, за разлика од хемотерапевтските средства, „не престануваат да дејствуваат по прекинот на примањето на лекот“.

Да се убие ракот со вирусот на херпес

Препаратот, според шефот на одделот, иницира имуна реакција која овозможува борба со туморот, што им дава шанса при терапија на пациентите дури и против најтешките форми на рак.

Препаратот е развиен од страна на руската биотехнолошка компанија BIOCAD.

Претходно министерката за здравство на Русија Вероника Скворцова изјави дека во земјата се тестира нов лек против онколошки заболувања кој „покажа фантастичен резултат во елиминирањето на метастатски меланоми“. Според министерката, во моментов тече втората фаза од клиничките испитувања. Скворцова истакна дека Русија „научи како да прави целни лекови за блокада на развојот на еден или друг вид на тумори“.

Читайте на сайте