World News in Macedonian

Пет лица уапсени во Турција за убиството на амбасадорот Карлов

Турската полиција уапси пет лица како дел од истрагата за убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов во Анкара, соопшти во саботата агенцијата „Анадолу“, повикувајќи се на обвинителството на градот Измир.

Кој стои зад убиството на рускиот амбасадор во Турција?

Се соопштува дека 4 од 5 уапсени лица биле колеги на убиецот Алтинташ во полицијата. Според информацијата од обвинителството, петтиот уапсен човек е активист на организацијата на опозицискиот исламски проповедник Фетула Ѓулен (FETÖ). Овој активист ги предводел приврзаниците на организацијата од полициското училиште во Измир, каде што поминал обука и Алтинаш, пренесува РИА „Новости”.

Според верзијата на обвинителството, координатор од организацијата FETÖ е Сулејман Ерген. Исто така се наведуваат и имињата на уапсените припадници на полицијата: Илкер Ер, Абдулкадир Јагин, Ердоган Ердинчли и Зија Шехитоглу, кои се обвинети за „членство во вооружена терористичка организација“.

Читайте на сайте