Тилерсон ветува дека нема да го признае Крим за руски
„Не. Тоа беше одземање на територија“, изјави тој. Според Тилерсон, САД дале „слаб одговор“ на Русија за нејзините дејствија на Крим, давајќи ѝ поттик на Москва за понатамошна активност на истокот на Украина, пренесува „Интерфакс“.
Тилерсон потенцира дека во тие околности САД требало да дејствуваат поодлучно, на пример, да ѝ даваат на Украина разузнавачки податоци за ситуацијата на истокот на земјата и да ѝ обезбедат дефанзивно оружје. Тој додаде дека сѐ уште не е исполнета „Минската спогодба“.
„Нам ни треба отворен и чесен дијалог со Русија за нејзините амбиции, за да знаеме како да го планираме нашиот сопствен курс“, додаде Тилерсон.