World News in Macedonian

Песков: никогаш не сме го обвиниле Обама за хакерски напади

Ова Песков го изјави во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.

„Определен број на хакери го напаѓа овој интернет-сајт од територијата на САД, од територијата на Кина, од територијата на Индија, од европските земји и така натаму. Но тоа не води до ситуација да кажеме: „Знаеме дека тоа беше направено по наредба на претседателот Обама, а Белата куќа стои зад тие напади“.

Ако го кажеме тоа, ќе си помислите: „О, тие Руси, изгледа полуделе“, изјави портпаролот на рускиот претседател.

Претходно Песков соопшти дека засега не се водат никакви преговори за евентуална средба меѓу Путин и Трамп, пренесува РТ на руски.

Руските „сајбер-единици“ меѓу најдобрите на светот

Читайте на сайте