Трамп му заблагодари на руски рапер за анимирано видео
Рускиот рапер Ша Ман (Sha Man) на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп реши на свој начин да го поддржи новоизбраниот претседател на САД. 30-годишниот хип-хоп артист му посвети песна под наслов „Трамп“. Песната е проследена со анимирано видео на два јазик – англиски и руски, и ја објави на интернет.
„Со своето видео едноставно сакаме да го поддржиме претседателот, а излезе дека нѐ забележале и нѐ оцениле. Мислам дека Доналд Трамп лично го видел видеото, затоа што мојата продуцентка има врски со неговите претставници. Анимираните видеа сѐ уште не се клише, поедноставно е да се насликаат сите доблести на еден човек отколку да се направи колаж од публикации во медиумите“, изјави Ша Ман.