World News in Macedonian

Уметница сними филм во кој во снег ја наслика блокадата на Ленинград

Кримската уметница Ксенија Симонова сними филм во кој во снег ја отсликува блокадата на Ленинград во Втората светска војна, соопштува РТ.

Во петокот Русија го одбележа Денот на воената слава – денот, кога Ленинград (сегашен Санкт Петербург) е целосно ослободен од фашистичката блокада која траеше 900 дена -  од 8 септември 1941 - до 27 јануари 1944 година. Тоа е една од најхеројските и најтрагични страници на Русија, не само од Големата татковинска војна, туку и во целата светска историја.

Филмот на Симонова е создаден според хроники од блокадата, дневници и, во најголем дел, според дневникот на Тања Савичева.

Ксенија Симонова во 2009 година победи на шоуто „Украина бара талент“ со своите цртежи од песок, посветени на Втората светска војна. Видеото на „Јутјуб“ има десетици милиони прегледи.

Читайте на сайте