World News in Macedonian

Објавен конкурсот за стипендии за студирање во Русија

Амбасадата на Руската Федерација распиша конкурс за прием на државjани на Република Македониjа за студии во високообразовни институции на Руската Федерациjа во 2017/2018 академска година. На запишаните студенти од Македонија руската влада ќе им обезбеди стипендија и други услови за студирање и сместување какви што се предвидени и за руските државјани.

Заинтересираните кандидати можат да се информираат подетално за условите за пријавување на сајтот http://www.russia-edu.ru/.

Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложени скенирани документи непосредно на сајтот http://www.russia.study/ (потребна е регистрација).

Рокот на пријавување е до 26 февруари 2017 година.

Сите уредно пријавени кандидати ќе бидат поканети за интервју кое ќе се одржи на 27 февруари 2017 година во Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје (ул.Митрополит Теодосиј Гологанов, бр.28). На интервјуто кандидатите треба да дојдат со оригиналите на поднесените документи.

Познавањето на руски јазик не е задолжително за пријавувањето.

Подетални информации за условите на доделување државни стипендии за студии во високообразовни установи на Руската Федерација се достапни на сајтот: http://минобрнауки.рф/ или http://rs.gov.ru/

Пет чекори за бесплатно студирање во Русија

Читайте на сайте