World News in Macedonian

Путин постхумно го награди Чуркин со Орден за храброст

Претседателот на Русија Владимир Путин постхумно го награди постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин со Орден за храброст, се соопштува на сајтот на Кремљ.

Путин: Чуркин цврсто го бранеше ставот на Русија и не знаеше за пораз

„За посветеноста, упорноста и високиот професионализам, покажани на функцијата постојан претставник на Руската Федерација во Организацијата на Обединетите Нации во Њујорк, САД, да се додели Орден за Храброст на Чуркин Виталиј Иванович (постхумно)“, се вели во текстот на указот што го пренесува РИА „Новости“.

Претходно Путин истакна дека високо го ценел професионализмот и дипломатскиот талент на Чуркин. Претседателот на Русија исто така изрази сочувство до роднините и пријателите на рускиот дипломат, како и до колективот на Министерството за надворешни работи на Русија.

Читайте на сайте