World News in Macedonian

МО РФ потврди дека загинал руски војник во Сирија

Министерството за одбрана на Русија го потврди загинувањето кај Палмира на професионалниот војник Артјом Горбунов. Тоа се случило при одбивањето на обидот за пробој на група милитанти на „Исламската држава“ на позициите на сириските сили, каде се наоѓале руски воени советници.

Зошто Русија војува во Сирија?

Горбунов беше погребан денеска во Нижни Новгород. Беше оженет, со ќеркичка.

Рускиот одбранбен ресор прецизираше дека Горбунов извршувал задачи за обезбедување на руските воени советници во Сирија. Војникот загинал на 2 март во близина на Палмира.

Неговата команда посмртно го предложи за државно одликување, пренесува РИА „Новости“.

Читайте на сайте