World News in Macedonian

ЦИА им покажа на сенаторите на САД четири папки со „докази“ против Русија

ЦИА им овозможи на американски сенатори да се запознаат со необработени разузнавачки податоци во случајот со наводната хакерска вмешаност на Русија во изборите во САД, пишуваат медиумите.

Во понеделникот претседателот на специјалниот комитет на Сенатот на Конгресот на САД за разузнавање Ричард Бур и сенаторот Џон Корнин го посетија седиштето на ЦИА во Ленгли, каде имаа можност да се запознаат со необработените разузнавачки податоци со кои наводно се потврдуваат обидите на Москва да влијае на изборите во САД во прилог на победата на Доналд Трамп, пишува „Политико“, пренесува „Взгљад”.

Сè што можеме да ви раскажеме за руските хакери

Корнин изјави дека им дале „четири големи папки со доверливи информации“ кои не можат да се објават.

Така САД и понатаму со ништо ги немаат поткрепено тврдењата за „вмешаноста“ на Русија во американските претседателски избори.

Расправата за активностите на „руските хакери“ наскоро ќе започне во двата дома на парламентот на САД – во специјалниот комитет на Претставничкиот дом на 20 март ќе се одржи отворена седница, а во Сенатот „во текот на наредните денови и недели“ седницата ќе биде зад затворени врати.

„Викиликс“ тврди дека американските специјални служби можат самите да организираат сајбер-напади под параванот на „руските хакери“.

Читайте на сайте