Меккејн ги обвини „Викиликс“ за врски со Русија
Претседателот на комитетот на Сенатот на САД за вооружени сили Џон Меккејн изјави за „очигледна врска“ меѓу Русија и организацијата „Викиликс“, соопштува „Вашингтон Егзаминер“.
„Не можам да го потврдам тоа, но очигледно е дека „Викиликс“ беа поврзани со Русија“, одговори сенаторот на прашањето дали Москва има врска со објавувањето на тајните документи на ЦИА.
Асанж: Обвинувањата на САД против Русија се заради дискредитација на Трамп
Во одбрана на својот став републиканецот го наведе фактот дека поранешниот припадник на американските тајни служби и информатор на „Викиликс“ Едвар Сноуден во моментов живее во Русија.
Коментирајќи ги претпоставките на новинарите за можната врска на Русија со „Викиликс“, Меккејн изјави: „Не, се разбира, нема. Тоа го направи некој кој седи во подрумот дома во долна облека, пушејќи си цигари“.
Претходно „Викиликс“ објави повеќе од 8,7 илјади документи од интерната мрежа на Центарот за сајбер-разузнавање кој се наоѓа во седиштето на ЦИА во Ленгли. Според документите, американските специјални служби разработувале инструменти за хакирање на паметни телефони, компјутери и телевизори, како и вируси и малициозни софтвери, пренесува РИА „Новости“.