Во 2016 година во Русија се вратиле 150 илјади Руси
Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Русија, во татковината во 2016 година се вратиле 146585 Руси, од нив околу 30 илјади – од европските земји, пишува „Известија“. И МНР РФ потврди дека благодарение на државната програма за помош за доброволна преселба на Русите дома се враќаат сѐ повеќе државјани на Русија.
Сепак, околу третина Руси се враќаат поради политички мотиви. Сонародниците го истакнуваат сериозниот притисок врз нив од страна на властите и медиумите, пишува изданието.
7 најскапи и 7 најповолни населби во Москва
„Степенот на русофобија одеше до таа мера што во Прага имаше возило за јавен транспорт со антируски знаци, а на улица можеа да ви префрлат поради тоа што зборувате на руски. Токму неоснованата омраза кон Русија послужи како главен мотив за по 19 години живот во Чешка да решам да се вратам дома“, раскажа за „Известија“ Наталија, која работела во Прага како директор на уметничка галерија.
„Кога ѝ припаѓа на група која што се наоѓа под постојан притисок, ти уште пофуриозно се стремиш да си ја одбраниш својата нација или земјата. Кај тебе почнуваат да се засилува патриотското расположение. На крајот на краиштата стануваш уморен правдајќи ја и се решаваш да се вратиш таму каде што навистина се наоѓа твојот дом“, раскажа јан од Франција, кој живеел во Париз повеќе од 20 години.
„Во Германија сфатив дека имам многу помала перспектива за вработување отколку во Русија“, истакна Ишхан, кој се врати во Русија по 12 години живот во Минхен и Берлин.