World News in Macedonian

Московјанин осуден за обид да пренесе тенк преку граница

Тенкот бил откриен од граничарите при преглед на возот кој ја преминувал руско-казахстанската граница на граничниот премин „Картали“. Тенкот од времето на Втората светска војна според документите се водел како културна вредност на државата.

Како се шверцува во Русија?

Московјанинот го набавил музејскиот експонат во Латвија за 20 илјади евра и го декларирал како предмет од историска колекција. Потоа тој склучил нов договор за продажба на тенкот за 230 илјади евра во Казахстан. Сепак не побарал дозвола за извоз од Русија на културни вредности поради високата царина и се обидел да го пренесе тенкот со воз.

Судот го осуди Московјанинот на три години лишување од слобода со услов да не го повтори делото во рок од една и пол година. Тенкот е конфискуван, пренесува РИА „Новости“.

Читайте на сайте