World News in Macedonian

Стејт департментот ги осуди приведувањата на протестите во Русија

Стејт департментот на САД ги осуди масовните приведувања на акциите на опозицијата кои вчера се одржаа во руските градови, соопштува Си-Ен-Ен.

„Соединетите Држави решително го осудуваат апсењето на стотиците мирни демонстранти ширум цела Русија во неделата. Приведувањата на мирни демонстранти, поборници за заштита на човековите права и новинари претставува кршење на основните демократски вредности“, се вели во писмениот одговор за „Интерфакс“ на вршителот на должноста портпарол на Стејт департментот Марк Тонер.

Во Русија протести против корупцијата

Како што истана Тонер, „ние со загриженост дознавме за апсењето на опозиционерот Алексеј Наваљни по неговото пристигнување на демонстрацијата, како и за полициските проверки во организацијата за борба со корупцијата на чие чело е тој“.

„САД ќе ја следат оваа ситуација и ние ја повикуваме владата на Русија веднаш да ги ослободи сите мирни демонстранти“, изјави Тонер.

Во неделата во Москва и некои други градови во Русија се одржаа несанкционирани акции на протест против корупцијата. Во Москва за нарушување на јавниот ред и провокативни дејствија против полицијата беа приведени околу 500 лица.

Читайте на сайте