World News in Macedonian

Иран ги наведе условите за користење на своите воени бази

Министерот за надворешни работи на Иран Мохамад Џавад Зариф изјави дека одлуките за користење на иранските воени бази од страна на Русија за борба против терористите во Сирија ќе се носат „во зависност од конкретниот случај“, соопштува агенцијата „Ројтерс“.

Иран сака да создаде сојуз со Русија на Блискиот Исток

Според информациите на агенцијата, шефот на иранската дипломатија исто така потенцираше дека во текот на средбата со претседателот на Русија Владимир Путин ќе бидат дискутирани регионалните проблеми, вклучувајќи ја и сириската криза.

Зариф е во составот на делегацијата на претседателот на Иран Хасан Роухани, кој на 27 и 28 март престојува во официјална посета на Иран на покана од Путин, пренесува РИА „Новости“.

Читайте на сайте