World News in Macedonian

Наводниот организатор на нападот во Санкт Петербург не ја признава вината

Осомничениот за терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург Аброр Азимов тврди дека не е директно вмешан во злосторството.

„Согласен сум со апсењето, но дека сум вмешан во експлозијата – такво нешто не сум кажал“, изјави Азимов во вторникот во Басманиот суд на Москва. „Има мое учество, но не директно“, објасни тој.

Организаторот на нападот во Санкт Петербург пронајден преку телефонот

Уапсениот тврди дека добивал команди од непознато лице и не знаел дека учествува во организирање на злосторството. „Ми дадоа команда. Не бев свесен дека учествувам во подготовка на терористички напад“, изјави Азимов.

Тој додаде дека има намера подоцна да го објасни својот став. „Потоа ќе се разбереме“, изјави тој. Притоа осомничениот не е против неговото апсење.

Претходно адвокатот на уапсениот изјави за новинарите дека Азимов целосно ја признава вината. Истрагата бара судот да му одреди мерка притвор на наводниот организатор на терористичкиот напад во Санкт Петербург, пренесува „Интерфакс“.

Читайте на сайте