World News in Macedonian

Порошенко ја спореди Русија со крокодил

Претседателот на Украина Петро Порошенко на 19 април во своето обраќање во Лондон ја спореди Русија со крокодил.

„Во јануари 1942 година Черчил рече: „Секој се надева дека, ако доволно го нахрани крокодилот, ќе биде изеден по другите“. Овие зборови се особено актуелни во Украина, а тој крокодил што многумина би сакале да го нахранат за да не ги изеде, тоа е Русија“, рече Порошенко, пренесува порталот „Шариј.нет“.

Порошенко држи лекција: Западот да ги подобрува односите со РФ преку Киев

Тој е убеден дека Русија „нема да се засити“, дека Москва не верува во демократијата и човековите права, дека не игра според правилата и дека ја негува идејата за доминација над светот или за сфери на влијание.

Порошенко исто така изјави дека Украина ги запрела руските тенкови на патот кон Европа.

„Доколку ги немаше санкциите и ја немаше Украина, руските тенкови сега ќе стоеја во центарот на Европа. Путин ја запре својата офанзива поради санкциите и борбата на Украинците. Агресорот знае дека ќе биде повикан на одговорност“, изјави шефот на украинската дражва.

„Денеска е многу важен ден: Меѓународниот суд на ОН ќе ја објави прелиминардната одлука во врска со првата тужба на Украина против Русија. Ве молам, запаметете го овој ден не само благодарение на изборите во Велија Британија. Бидете силни, бидете обединети и поддржете ја Украина“, додаде Порошенко.

Читайте на сайте