World News in Macedonian

Шарапова се враќа на тениските терени

Русинката Марија Шарапова ќе игра против Италијанката Роберта Винчи во првото коло на турнирот на Женската тениска асоцијација (WTA) во Штутгарт, се вели на сајтот на организацијата.

Според ждребот, победничката од мечот Шарапова-Винчи ќе се сретне со Русинката Екатерина Макарова или Полјачката Агнешка Радванска, која е седми носител.

На 26 април 30-годишната Шарапова ќе го игра првиот официјален натпревар по дисквалификацијата. Организаторите на турнирот во Штутгарт ја поканија Русинката да учествува со „вајлд карта“, пренесува „Лента.ру“.

Што ја снајде Шарапова?

Читайте на сайте