World News in Macedonian

ПВО на РФ со зголемена борбена готовност по лансирањето во Северна Кореја

Шефот на комитетот на Советот на Федерацијата Виктор Озеров изјави дека противвоздушната одбрана на Русија на Далечниот Исток се наоѓа во состојба на зголемена борбена готовност поради ракетната проба на Северна Кореја, пренесува „Газета.ру“.

„Русија крајно внимателно следи што се случува во Северна Кореја. ПВО на Русија на Далечниот Исток се наоѓа во состојба на зголемена борбена готовност. Го контролираме воздушниот простор во зоната на одговорност  на воздушните сили на Русија“, изјави тој.

Кремљ без коментар за распоредувањето сили на границата со Северна Кореја

Според зборовите на сенаторот, Русија е свесна дека не е цел на ракетните проби на Северна Кореја.

„Од друга страна, техниката си е техника, и нашата војска прави сѐ што зависи од нив во случај на вонредна ситуација да не дозволат случајно да се најдат ракетите на територијата на Русија“, објасни Озеров.

Претходно беше соопштено дека Северна Кореја извршила уште едно лансирање на балистичка ракета кое завршило неуспешно. Ракетата паднала на територијата на Северна Кореја.

Читайте на сайте