Русија може да докаже дека хемискиот напад во Сирија е провокација
Русија има несоборливи докази дека настаните во Хан Шејхун во Сирија се провокација, изјави специјалниот пратеник на претседателот на РФ и шеф на руската делегација на преговорите за Сирија во Астана Александар Лавренјтев.
Хемиски напад во Сирија: кој е виновен и што понатаму?
„Тоа е чиста провокација од страна на лица и структури кои не се заинтересирани за постигнување мир на сириската земја. Но, за жал, сите наши објаснувања, извештаи, обиди да се докаже тоа наидуваат на целосно неразбирање од страна на Западот“, изјави Лаврентјев, пренесува РИА „Новости“.
Тој додаде дека руската страна се обидува да ги убеди западните земји да ја сменат својата позиција во однос на владата на Сирија.