World News in Macedonian

Македонија ја слави 72-годишнината од Победата во Втората светска војна

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и годинава организира свечености по повод одбележувањето на победата на антихитлеровската коалиција во Втората светска војна.

Манифестациите започнуваат утре, 6 мај, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со традиционалниот марш „Бесмртниот полк“ и со истакнување „Ѕид на сеќавањето“ на кој ќе бидат изложени портрети на учесници во антифашистичкото движење.

На 7 мај, на Широк Сокак во Битола, ќе се одржи концерт „Еден ден на војната“, на кој ќе бидат изведени традиционални македонски борбени песни и композиции.

На 8 мај во Прилеп ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на непобедените, додека на 9 мај ќе биде положено цвеќе пред споменикот на загинатите партизани на браната „Матка“.

На 9 мај, исто така во Скопје, во Кинотеката на Македонија ќе биде отворена ревија на руски воени филмови со прикажувањето на последниот руски филм на тематика поврзана со Големата Татковинска војна - „28 Панфиловци“.

Македонија се приклучува на акцијата „Георгиевска лентичка“

Читайте на сайте