„ВикиЛикс“ откри можна „руска трага“ во протекувањето на писмата на Макрон
Организацијата „ВикиЛикс“ соопшти дека во папката со преписката која протече од изборниот штаб на кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон деветпати се споменува име на соработник на една руска компанија, се вели во соопштението на организацијата на „Твитер“.
RT и „Спутник“ обвинети за ширење лажни вести за Макрон
Претходно сајтот соопшти дека протекол голем број на електронски писма од изборниот штаб на Макрон. Според „ВикиЛикс“, информациите се објавени предоцна за да можат да влијаат на резултатите од изборите.
Денеска во Франција се одржува вториот круг претседателски избори. Граѓаните на Франција избираат меѓу Макрон и лидерот на „Националниот фронт“ Марин Ле Пен, пренесува RT.