World News in Macedonian

Во Скопје се одржа „Бесмртниот полк“

На 6 мај 2017 година на централниот плоштад во Скопје во рамките на манифестацијата „Бесмртниот полк“ беше поставен „Ѕид на сеќавањето“.

Македонија ја слави 72-годишнината од Победата во Втората светска војна

Фотографии за „Ѕидот на сеќавањето“ донираа ветеранските организации од Скопје и Струмица, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вработени во Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, претставници на руската дијаспора, како и граѓани на Македонија.

За време на настанот сите кои сакаа имаа можност да се приклучат кон манифестацијата со додавање на фотографиите на своите роднини кои учествуваа во борбата против фашизмот на „Ѕидот на сеќавањето“.

Читайте на сайте