World News in Macedonian

Путин им го честита Денот на Победата на голем број лидери

Претседателот на Русија Владимир Путин им ја честиташе на лидерите на повеќе земји 72-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна, се вели на сајтот на Кремљ.

„Претседателот на Русија им ја честиташе на лидерите на Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргизија, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Абхазија, Јужна Осетија, како и на граѓаните на Грузија и Украина 72-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна“, се вели во честитката.

Рускиот лидер потенцира дека најдобро оддавање почит на борците-ослободители претставува заедничката борба против секој обид на извртување на историјата и оправдување на злосторничките дејанија на фашизмот и нацизмот.

Путин исто така им го честита празникот на сите ветерани од војната и трудбеници во позадината, посакувајќи им здравје, благосостојба и долг живот, пренесува „Газета.ру“.

Кој ѝ ги „истури цревата“ на Хитлеровата воена машинерија?

Читайте на сайте