World News in Macedonian

Во центарот на Москва пронајдени предмети од времето на Иван Грозни

Десет ковани монети биле скриени во шуплива шаховска фигура изработена од слонова коска, а истата потекнува од 16 век, вели раководителот на московскиот секретаријат за културно наследство Алексеј Емељаненко, коментирајќи го вредниот археолошки предмет пронајден во центарот на Москва за време на изведувањето подземен ремонт за промена на гасната конструкција. Според него, вредноста на рачно кованите сребрени монети е од пет копејки. Една монета потекнува од Тверската ковачница за пари, а останатите девет од московската.

7 факти за Иван Грозни, првиот руски цар

Фигурата од слонова коска се состои од три дела споени за завртки. Се претпоставува дека такви биле и останатите фигури за играње шах, а вкупната вредност на скриените пари би можела да изнесува 160 копејки. Фигурата и монетите се исчистени и заштитени и треба да бидат предадени во музеј. Археолозите во Москва ги надгледуваат сите работи за кои ќе се процени дека можат да имаат некаква врска со материјални остатоци на културата од минатите времиња, пренесува РИА Новости.

Читайте на сайте