World News in Macedonian

Трамп му раскажа на Лавров за плановите на ИД да срушат патнички авион

Претседателот на САД Доналд Трамп во текот на средбата со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров му раскажал за плановите на „Исламската држава“ да сруши патнички авион кој требало да лета за САД. Ова го соопштува телевизијата Еј-Би-Си повикувајќи на чиновници во Белата куќа.

Вашингтон ја добил таа информација од израелското разузнавање -  во ИД работи припадник на израелските специјални служби на кого сега му се заканува опасност да биде откриен.

Медиуми: Трамп предал на Русија топ-тајни информации

Како што соопштува телевизијата, во добиените разузнавачки информации се зборувало за тоа дека ИД разработувала план како да внесат бомба во патнички авион кој би полетал за САД. Бомбата требало да биде скриена во лаптоп. Нејзиното откривање со обична опрема би било тешко. Потоа во Вашингтон почнале да размислуваат да воведат забрана за пренесување лаптопи во авионите кои летаат од Европа за САД. Сепак конечна одлука за ова прашање сѐ уште не е донесена.

Претходно властите на САД воведоа времена забрана за пренесување на големи електронски уреди во рачен багаж во авиони кои летаат од неколку земји на Блискиот Исток и Северна Африка.

Трамп претходно изрази увереност дека имал целосно право да сподели важни информации со Русија во текот на неодамнешните преговори во Вашингтон. „Како претседател сакав да споделам со Русија факти кои се однесуваат на тероризмот и безбедноста на авионските летови. И имам потполно право на тоа“, напиша тој на Твитер“.

„За тоа постојат хумани причини, плус сакам Русија значително да се активира во борбата со ИД и тероризмот“, додаде американскиот претседател, пренесува „Интерфакс“.

Читайте на сайте