World News in Macedonian

Во Москва уапсен пијан крадец кој разговарал со банкомат

Припадници на московската полиција уапсија осомничен за обид на пари од банкомат, пренесуваат руските медиуми, притоа додавајќи дека несреќниот ограбувач бил пијан и дека е уапсен додека разговарал со „жртвата“.

Како што соопшти телевизијата „360“ повикувајќи се на прес-службата на МВР за град Москва, 21-годишниот осомничен, по потекло од Средна Азија, е уапсен во источниот дел на рускиот главен град.

Тој се обидувал со помош на нож и хебла да ограби банкомат на „Сбербанк“.

Откако тоа не му пошло од рака, почнал да удира по банкоматот, молејќи го да му даде пари. На крај го фрлил алатот на под и седнал во агол. Во таа положба го затекле припадници на приватно обезбедување.

Читайте на сайте