World News in Macedonian

Лавров демантира дека разговарал со Трамп за оставката на шефот на ФБИ

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги демантира соопштенијата на медиумите дека во текот на неговата средбата со претседателот на САД Доналд Трамп разговарал за оставката на Џејмс Коми од функцијата директор на ФБИ.

За што зборуваа Лавров, Трамп и Тилерсон?

„Ние таа тема воопшто не ја начнавме“, изјави Лавров во саботата во Никозија, одговарајќи на соодветно прашање, пренесува „Интерфакс“.

Претходно весникот „Њујорк Тајмс“ соопшти, повикувајќи се на неименуван извор, за наводен разговор на Трамп со Лавров на средбата во Вашингтон на 10 мај за поранешниот директор на ФБИ.

Претседателот на САД на 9 мај го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Коми, кој ја водеше истрагата за наводните „врски со Русија“ на тимот на Трамп. Белата куќа ја објасни таа одлука со тоа дека поранешниот шеф на ФБИ ја загубил довербата кај Трамп.

Читайте на сайте