World News in Macedonian

Украински идеолог повикува на откажување од роднинските врски во Русија

Против Украина може да биде искористена секој форма на врска со Русија, напиша на „Фејсбук“ првиот човек на Институтот за национално сеќавање на Украина Владимир Вјатрович.

Порошенко: Украинците можат да преживеат без руските социјални мрежи

„Подалеку од Москва“, или едноставни нешта кои спасуваат. Сѐ што нѐ оддалечува од Русија оди во полза на Украина. Сѐ што ја задржува врската меѓу нашите земји (економијата, јазикот, историјата, културата, традициите и на крај, дури и роднинските врски), ќе биде искористено против нас“, тврди Вјатрович.

Тој смета дека „таканаречената заедничка историја“ ја користеле и ја користат како инструмент на војна против Украина, а како последица сето тоа преминува во тезата „ние сме еден народ“, пренесува порталот „Шариј.нет“.

Претходно Вјатрович изјави дека симболот на нацистичката СС дивизија „Галичина“ не е забранет во Украина, затоа што нацистичките единици Вафен СС не биле прогласени за злосторничка организација.

Читайте на сайте